Санкции за 102 возачи во Скопје, шест од нив возеле над 50 километри на час

од Nikola Popovski
176 прегледи

Полицијата соопшти дека денеска во периодот од 14 до 20 часот на подрачјето на СВР Скопје спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 102 возачи.

„Шест возачи се движеле со над 50 километри на час над дозволеното. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта“, велат од МВР.