Партијата на Каракачанов му се налути на Вучиќ поради С. Македонија

од Nikola Popovski
386 прегледи

Бугарската партија ВМРО БНД, на поранешниот министер за одбрана Красимир Каракачанов, го критикувала претседателот на Србија, Александар Вучиќ, заради неговиот став за спорот меѓу Софија и Скопје.

Да потсетиме, рече Вучиќ во интервју за една српска телевизија дека смета дека е смешно кога некој ќе каже дека мала земја може да ги блокира одлуките на ЕУ, во случајов одлуката на Брисел за пристапување на Македонија и позицијата на Бугарија.

Тој додал дека премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, премногу соработувал со Бугарија за тоа прашање.

Како што истакнаа од бугарската ВМРО, зборовите на Вучиќ за Бугарија звучеле омаловажувачки.

„Двата става изразени од српскиот политичар можат да се толкуваат на различни начини. Но, тоа несомнено покажува дека Вучиќ не ја почитува ЕУ, не ја разбира и не сака да стане дел од неа“, се вели во пораката на Фејсбук.

„ЕУ работи вака – секоја земја има право на глас и став, а другите мора да го почитуваат тоа“, велат од ВМРО-БНД.

Слични содржини