Заев: Ништо не се крие, на маса е португалскиот предлог којшто е добра основа за решение

од Берта Китинска
198 прегледи

Ништо не се крие и не се разговара поразлично, повтори денеска премиерот Зоран Заев денеска, одговарајќи на новинарски прашања,  дека несериозните изјави, особено од претседателот на најголемата опозициска партија, во врска со прашањето со Бугарија, може да предизвикаат само штетни последици и закочување на процесот на евроинтеграции на Северна Македонија.

Повтори и дека ништо не се крие и не се разговара поразлично и оти на маса е португалскиот предлог, и оти тоа за нас е добра основа да се најде решение за билатералното прашање со Софија.

-Апелирам за трезвеност затоа што илјада пати потврдивме, додека стоеше до мене потпретседателот на ЕУ Борел, или Тимерманс или претседателката Фон Дер Лајн или кој било од луѓето кои се лидери во ЕУ, вклучувајќи и претседатели и премиери на земји членки на ЕУ, експлицитно јасно кажав доколку македонскиот јазик и македонскиот идентитет се на маса ние не преговараме, така што еве го 22-ри ќе се знае за што е разговарано. Тоа е за 18 дена од денеска, рече Заев.

Тој уште еднаш апелираше на сериозност.

– Верувајте, сериозно е и државата и иднината и сето тоа што се разговара. Попатно треба да градите и пријателства, да подавате рака со соседите, да изнајдете начин. Така што дефинитивно едно кое што можам да го потврдам за сите – треба секој да биде спокоен, не само Македонците заради македонскиот идентитет и македонскиот јази. Тоа ги боли, ги засега сите наши граѓани, да бидат спокојни заради тоа што ниту било, ниту е, ниту ќе биде на маса на преговори за нашиот европски пат кон којшто стремиме, рече Заев, додавајќи дека само сериозни политичари и одговорни политики може да не доведат кон подобра иднина за сите граѓани.

Слични содржини