Ахмети: Започнуваме нова политика и дирекно дејствување

од Берта Китинска
153 прегледи

„По Рамковниот договор дојде време да се фокусираме на квалитетот на животот, условите за секојдневно живеење, развојот, квалитетно образование и здравство, неселективна правда, социјални политики,  економија и животна средина. Денеска ДУИ ја прегрнува целосно новата  еколошка, зелена агенда“, рече денска во своето обраќање лидерот на ДУИ Али Ахмети.

На  почетокот од својот говор тој кусо се обрати и на македонски јазик исто како и на крајот од своето обраќање.Во пресрет на есенските локални избори, Ахмети рече дека започнуваат нова политика за еколошка правда и квалитетен живот и дека зелената агенда станува дел од ДУИ.

„На 19-иот роденден на ДУИ започнуваме нова политика и дирекно дејствување, политика за еколошка правда и квалитетен живот. Зелената агенда станува дел од ДУИ“, истакна Ахмети

Слични содржини