Аудио-снимка со слика од Жугиќ: „Зборовите на Груевски се остварија, остана уште федерализација и кампови за бегалци“

од Nikola Popovski
419 прегледи

Попладнево на Јутјуб осамна аудио снимка со слика од актерката и претседателка на Градскиот комитет на Унија на жени во ВМРО-ДПМНЕ, Јелена Жугиќ. Снимката е објавена на каналот „Зелен црв“ и во неа може да се слушне како се зборува дека Албанците го окупираат Бутел, дека се менува етничката карта на Македонија, како и дека ќе има федерализација и кампови за бегалци.

„Сите бизниси од тетовските и гостиварските села ќе ни дојдат на две минути од Скопје, цело Косово ќе ни биде овде преку викенд и ќе ја изгубиме демократијата онака едноставно, како што ќе ја изгубиме Македонија, македонскиот јазик. Се она што го зборуваше Никола Груевски години наназад, сè се исполни. Остана уште федерализација и камповите на бегалците, а тоа ќе се случи доколку ги загубиме локалните избори. Ќе ни ја сменат етничката карта на Македонија“, се вели во дел од видеото, во кое се слуша женски глас.

 

Слични содржини