Аудио-снимка: „ВМРО-ДПМНЕ е на раб на пропаст, доколку не извојува победа на претстојните локални избори“

од Nikola Popovski

Скандалозна аудио снимка, каде според објавувачот главен херој е функционерката од ВМРО-ДПМНЕ, Јелена Жугиќ, осамна на „Јутјуб“. Во снимениот разговор може да се чуе како претседателката на Градскиот комитет на Унијата на жени од опозициската партија тврди дека ВМРО-ДПМНЕ е на раб на пропаст, доколку не извојува победа на претстојните локални избори.

„За да не си ги горите кадрите, има место за сите, ќе дојде време. Дај Боже да дојде време, и локална и извршна власт да земеме, ќе немаме кого да ставиме, оти има многу функции. Има многу директорски, раководни позиции. Ова е списокот, којшто вашата претседателка, на која јас ќе и дишам во врат кога ќе ја добиеме локалната власт, а се надевам ќе ја добиеме, да се праша секоја една која што е овие 3 и пол години присутни, што и треба. Мене многу и не ми значи во Пробиштип кој ќе биде градоначалник. Се знае дека Скопје е метропола на Македонија и Скопје ги дефинира политичкиот, социјалниот, културниот, живот на Македонија. А знаете што ќе се случи ако изгубиме? Јас не го сакам тоа сценарио, но ни тропка на врата. Ни грепка. На парламентарните ќе доживееме потоп. Нема да имаме 10 пратеника. Народот комплетно ќе се демотивира, и онака е демотивиран“, може да се слушне од разговорот.

Во разговорот, во времетраење од три минути, може да се чуе и дека Никола Груевски за се бил во право и при евентуален пораз на локалните избори на ВМРО-ДПМНЕ етничката карта на Македонија.

Слични содржини