Јажињата се ставени за одблизу да се видат диносаурусите, но не и да се прескокнуваат, апелираат од Дино паркот

од Берта Китинска
486 прегледи

Од скопската Зоолошка апелираат родителите  при посета на Дино паркот да внимаваат на своите деца.

-Заштитните огради со јажиња се ставени за одблизу да може да се видат диносаурусите, но не и да се прескокнуваат и да се оштетува Дино Паркот.Сите заедно треба да ја покреваме свеста, а најмалите да ги учиме на совесно и културно однесување. Возрасните се оние кои треба да дадат пример со своето однесување, а не да ги поттикнуваат децата да се однесуваат несовесно и да се уништи она што е направено за нивна радост, пишува на Фејбук

Дино паркот беше пуштен во употреба минатата недела, а посетителите имаат можност во природна големина да ги видат Тираносаурус, Стегосаурус, Алосаурус како и поставки со мали диносауруси.

Слични содржини