288
Кошаркарите на МЗТ Скопје по осми пат го освоија шампионскиот трофеј во македонското првенство.Со вкупни 3-0 во финалната серија МЗТ Скопје заслужено дојде до двојната круна во сезоната 2020/21. Претходно победија и во Купот на Македонија.
На денешниот дуел кај стрелците во победничките редови доминираше А. Магдевски со 21 поен (шест скокови), следен од Б. Крстевски со 16 поени и седум скокови. Токму наградата за најкорисен играч (МВП) ја доби репрезентативецот Магдевски.