230
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски утрово објави дека целосно се имунизирал против коронавирусот.
„Утрово на вакциналниот пункт во Куманово ја примив втората доза од вакцината на “Синофарм”. Ве повикувам да го сторите истото, сите вакцини се безбедни и се единствениот начин да ставиме крај на пандемијата со Ковид-19. Граѓаните кои досега не се регистрирале, тоа може да го сторат на www.vakcinacija.mk.“, напиша Спасовски на Фејсбук.
Спасовски ја прими првата доза на 17-ти мај, согласно националниот план за имунизација.