„Одлично функционираме со СДСМ“: Најави за предизборна коалиција меѓу ДУИ и СДСМ

од Берта Китинска
160 прегледи

Да видиме кои и какви се интересите на граѓаните, пред се, на ДУИ, на СДСМ. Мој став е дека со СДСМ функционираме одлично во изминатите четири години од кога сме во Влада со нив и вреди да се размисли за коалиција, вели Али Ахмети во интервјуто за ТВ 21 во врска со коалицирањето за локалните избори наесен.

Но, сеедно, ние ќе настапиме со сопствена листа на советници, без оглед дали ќе одиме заедно или посебно, истакна првиот човек на интегративците.