Села и Гаши заедно на локални: Нема да дозволиме да бидеме вовлечени во „некакви каши“

од Берта Китинска
259 прегледи

Алијансата за Албанците на претстојните локални избори ќе настапи во коалиција со Алтернатива, но останува отворена за соработка и со други политички партии.

Раководството на АА  на брифингот на новинарите информираат дека нема да им го ускрати правото на нивните кандидати за градоначалници да коалицираат и да соработуваат со сите граѓани и политички партии.

Од партијата велат дека нема да дозволат да бидат вовлечени во „некакви каши“, нагласувајќи дека е дојдено време кога политиката треба да биде чиста работа за да се обезбеди чисто општество и почитување на правата на сите граѓани.

Алијансата за Албанците во наредниот период ќе ги утврди имињата на кандидатите за градоначалници, посочувајќи дека граѓаните можат секојдневно да видат како се менаџираат работите во оние општини со кои раководат кадри од нивните редови и да направат споредба со останатите.

Слични содржини