291
Со гордост можам да најавам дека Универзалната сала конечно се враќа на скопјани во својот препознатлив сјај!, информираше градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.
-Почнавме со реконструкција на култниот објект кој ќе биде со современ архитектонски изглед, а ќе се гради по сите светски стандарди. Особено важно е задржување на автентичноста на Универзалната сала, по што сите ние ја паметиме.А, најважно од сѐ е да го вратиме духот на Скопје и сите оние фестивали и настани таму каде што припаѓаат!, вели Шилегов.