Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев ќе оствари еднодневна работна посета на Република Албанија.
Заев ќе учествува на Самитот на земјите од Западен Балкан. Со Самитот ќе претседава албанскиот премиер Еди Рама, а ќе учествуваат еврокомесарот за проширување и добрососедство, Оливер Вархеји, претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, како и премиерите на Косово Албин Курти, на Србија Ана Брнабиќ и на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија.
Премиерот заедно со Рама на маргините на Самитот ќе го потпишат и Договорот за воспоставување заеднички гранични и царински контроли на граничните премини меѓу Република Албанија и Република Северна Македонија.
Попладнето, македонскиот премиер и свечено ќе го отвори Културниот центар на Република Северна Македонија во Тирана.