Убедени се дека се незаменливи, нечувствителни се и мрзоволни. Често се критички настроени и мразат сè.
Станува збор за припадниците на хороскопскиот знак Јарец.
Тие сметаат дека нивниот збор треба да биде последен и дека секоја нивна мисла треба несомнено да се слуша. Кога се на врвот, тие се способни да станат тирани, а кога се во подредена положба, им се умилкуваат на оние над нив.
Она што се крие зад студената надворешност е несигурност, страв од себе, страв од другите, страв од неуспех, страв од емоции … Тие всушност се плашат од сè.
Иако изгледа дека секогаш имаат контрола, кога ги обзема лутина, тие можат да бидат многу сурови и агресивни.
Подготвени се да бидат во врска со некого иако мислат дека таа личност не е за нив. Штом се појави некој што го сметаат за посоодветен за основање семејство или материјална корист, тие ќе исчезнат.