На последната владина седница усвоена е Информацијата за апликацијата до WBIF, за техничка помош за подготовка на Студија за изводливост за изградба и развој на Национална транспортна оптичка мрежа (НТОМ).
Инструментот Инвестициска рамка за земјите од Западен балкан (Western Balkan Investment Framework – WBIF) е заедничка иницијатива на Европската комисија. Со оваа иницијатива е направен обид за спојување на средствата на ЕК, различните донатори и Меѓународните финансиски институции (МФИ), во насока на поддршка на заеми за финансирање на приоритетни инфраструктурни проекти во земјите од Западен Балкан.
Реализацијата на овој проект значи побрз интернет за граѓаните и деловните субјекти.
По усвојувањето на оваа точка од владината седница, Министерството за информатичко општество и администрација во соработка со Јавното радиодифузно претпријатие и Агенцијата за електронски комуникации како надлежни институции, ќе ја интензивираат соработката со цел да се забрза времето на реализација на овој проект.