214
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска ќе оствари работна средба во Париз со претседателот на Франција Емануел Макрон.
Дел од владината делегација се и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Во рамки на посетата, со која се одбележуваат 28 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји, ќе се оствари и работна вечера со претседателот на Франција.