Загревање пред Австрија: Елмас со познат хит од Гоце Арнаудов ги забавува фудбалерите (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
259 прегледи

Македонската фудбалска репрезентација е во одлична атмосфера пред првиот дуел од групата со Австрија, а доказ за тоа е најновото видео на социјалните мрежи, од хотелот во кој се сместени.

Иако тие се затворени во хотелот „Мериот Гранд“, во време кога не ги одработуваат редовните тренинг-сесии, за музичкото расположение е задолжен Елиф Елмас.

Ѕвездата на Наполи се шета во хотелот со гигантски звучник и добива помош од Дарко Чурлинов, а објавеното видео преку социјалните мрежи експресно стана хит и ни долови дел од атмосферата во внатрешноста во таканаречениот „карантин“.

Во просториите каде што „рисовите“ појадуваа утрово, некогашниот играч на Работнички внесе звучник од кој ечеше „Ќе пијам, ќе лумпувам“, од познатиот Гоце Арнаудов.

Првиот дуел на Европското првенство ги играме против Австрија на 13-ти јуни од 18:00 часот.

Слични содржини