Во Велика Британија денес започнува самитот на Г7

од Stefanija Kuzmanovska
218 прегледи

Во Велика Британија во петок започнува самитот на Групата седум индустријализирани земји во светот, првиот што ќе се одржи во живо од избувнувањето на пандемијата.

На самитот лидерите на Г7 ќе ветат дистрибуција на милијарда вакцини против КОВИД 19, пренесува „Танјуг“.

На самитот учествуваат лидери од Германија, Франција, Италија, Велика Британија, Канада, Јапонија и САД во одморалиштето Карбис Беј во југо-западна Англија.

Учество на самитот

Лидерите на седумте најразвиени земји во светот, исто така, ќе имаат прием кај британската кралица Елизабета Втора, а ќе се соберат и на скара на плажа.

За американскиот претседател Џо Бајден, италијанскиот премиер Марио Драги и јапонскиот премиер Јошихиде Сугу, ова ќе биде прво учество на самитот на Г7.

Од друга страна, ова е последен ваков собир за германската канцеларка Ангела Меркел и можеби за францускиот претседател Емануел Макрон.

Самитот ќе трае до недела, 13 јуни.

Слични содржини