346
Новиот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ја презеде задачата да го убеди дефанзивецот, Рафаел Варан да потпише нов договор со клубот.
Актуелниот договор на Французинот истекува за една година, но тој во моментов одбива повторно да потпише, што ги убеди шефовите да го продадат на лето.
Сепак, сега, Анчелоти ќе направи последен обид да го натера фудбалерот да размисли, вели новинарот Жозеп Педрол.
Најновите информации го поврзуваат Варан со Манчестер Јунајтед. Се тврди дека „црвените ѓаволи“ ќе ги задоволат финансиските побарувања на дефанзивецот нудејќи му договор со плата од 12 милиони евра по сезона – многу повеќе од она што Реал е подготвен да му го даде.