Започнува изградбата на најголемата и најмодерна градинка во Општина Центар

од Берта Китинска
244 прегледи

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ заедно со министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска ја најавија изградбата на новата детска градинка во Општина Центар, прва во населбата Пролет.

-Детската градинка ќе има подрумски простор, приземје и 1 кат, со вкупна нето површина од 2760 метри квадратни и најголема бруто површина за детска градинка во државата, од 3276 метри квадратни, односно простор од 21 метар квадратен по дете.Градинката ќе има капацитет од 150 деца, поделени во 9 занимални, сопствена кујна, ќе биде со висок степен на инклузивност и ќе биде изградена со почитување на сите современи стандарди за изградба на ваков тип на објекти, кажа Богдановиќ.

Слични содржини