Заедно со граѓаните ги креираме мерките и политиките што гарантираат развој и напредок и подобар квалитет на живот за сите. Сѐ што тие ќе побараат ќе биде нотирано и анализирано, а проектите кои се реални и остварливи ќе бидат дел од предизборната програма, а понатаму од Програмата за работа на општината, сподели на својот Фејсбук профил, дел од својот говор пред неколку дена, премиерот Зоран Заев.
„Покажавме дека за нас зборот важи и ќе го покажуваме тоа и во иднина и на централно и на локално ниво. Без разлика на кандидатот или кандидатката за градоначалничка функција, даваме збор дека мерките и програмите ќе бидат реализирани.
Затоа сме фаворити на овие избори, затоа што граѓаните, јавноста, сите знаат дека напредок и развој е возможен само со СДСМ“, додава тој.