Заев најави повлекување од политиката во 2024-та

од Vladimir Zorba
221 прегледи

Премиерот на РСМ, Зоран Заев во интервју за српски „Курир“ изјави дека ќе се повлече од политиката за три години.

Смета дека еден премиер на функција треба да остане најмногу до два мандати, бидејќи постои ризик да стане автократ.

– Секаде е тоа ризик, но особено на Балканот. Здраво е секогаш да доаѓаат нови луѓе. Сега сум во вториот мандат, кој би требало да заврши до 2024, и верувам дека тогаш и ќе го завршам. Тогаш ќе се вратам во нашата компанија, повторно да работам комерцијално, истакна Заев.