Капитенот на македонската селекција, Горан Пандев по поразот на ЕП против Австрија, порача дека шансите се уште не се изгубени и верува дека во идните мечеви ќе прикажат уште подобра игра.
– Одигравме одлично на овој натпревар. Знаевме дека Австрија ќе притисне. Имавме некои контри, требаше ги реализираме, ама тоа е тоа. Шансите не се загубени, сега ни треба добар одмор. Треба отворено да одиграме против Украина. Најмногу ми е жал за навивачите, но тие треба да знаат дека го дадовме максимумот. Се надеваме дека уште подобро ќе одиграме на следните натпревари“, истакна Пандев.
Првиот натпревар од Европските првенства во фудбал, Македонија го заврши со пораз на натпреварот со Австрија. Македонските репрезентативци изгубија 3:1 на Националната Арена во Букурешт.
Првиот истриски гол го даде капитенот Горан Пандев во 28.минута, само десет минути по водството на Австрија за која голот го постигна Лаинер, со што резултатот на полувремето беше изедначен.
Следуваат уште два натпревари за Македонија во групата Ц со Холандија и Украина.