КЗБ предлага: Укинување на полицискиот час, повеќе гости на свадбите и организација на концерти

од Берта Китинска
195 прегледи

Утрово Комисијата за заразни болести предложи олабавување на мерките.

„Утрово се донесоа следните одлуки кои ќе бидат предложени до Кризниот штаб. Од среда, 16 јуни: Да се укине целосно полициски час. Епидемиолошката состојба е стабилна и го дозоволува ова. Да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави. Да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1000 лица“, напиша министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.

Слични содржини