Koнтроверзниот турски бизнисмен Седат Пекер, бил на распит во полицијата во Дубаи вчера како што објави турскиот новинар на социјалната мрежа Твитер, а по неколку часа бил ослободен.
Пекер потврдува дека бил однесен во полиција од резиденцијата во Дубаи.
„ Драги мои пријатели, од пладне го напуштив местото каде што престојував но заедно со полициските власти. Сега се вратив на местото каде што престојувам со моето семејство. Имавме меѓусебен разговор поради интензитетот на обвинувањата против мене. Тие пак мене ме известија дека нема проблем да заминам или да останам во земјата, напишал Пекер на Твитер.
ВМРО-ДПМЕ во аферата што ја објави под името „Мафија“, тврдеше дека Пекер е еден од водачите на мафијата во Турција и дека во Скопје добил фалсификуван пасош на име Џавид Адемовски.