Македонски државјанин кој му бил десна рака на мафијашот Пекер е уапсен во Турција

од Берта Китинска

Денеска турската полиција уапси македонски државјанин кој му бил десна рака на мафијашот Седат Пекер, објавија турските медиуми.

„Конечно, лидерот на криминалната организација Бобан Томовски, познат по својата блискост со Седат Пекер, беше фатен на аеродромот Сабиха Гикчен. Томовски, кој наводно бил вмешан во шверц на дрога, бил приведен при обид да замине во Египет”, пишуваат турските медиуми повикувајќи се на полициски извори.

Како што пренесуваат медиумите, Томовски му бил близок соработник на Пекер и заедно дејствувале во Македонија, а живеел како бегалец во Обединетите Арапски Емирати.

Слични содржини