Заев: Имам чувство дека на 22 јуни нема да се реши проблемот со Бугарија

од Берта Китинска
219 прегледи

Премиерот Зоран Заев изјави дека на 22 јуни најверојатно нема да се реши проблемот со Бугарија.

-Многу важен беше состанокот со бугарскиот претседател Радев,  како продолжени на состанокот кој го имаше со Пендаровски. Продолживме преку деталите да разговараме за предлогот на португалското претседателство. Би требало состанокот во Софија да биде во четврток. Јас морам да кажам дека имам чувство дека на 22 јуни нема да се реши проблемот,  бидејќи во Бугарија има техничка влада и нема парламент, наша должност е да направиме се и нема зијан ако заклучиме договор сега кој би се користел од идната влада на Бугарија, кажа Заев.

Слични содржини