Заев за донација од Грција: Кризата покажа колку се важни пријателите за да се победи пандемијата

од Берта Китинска
171 прегледи

Кризата од КОВИД-19 покажа колку се важни пријателите за да се победи пандемијата, напиша на својот Фејсбук, премиерот Зоран Заев по примањето на донацијата на 20.000 вакцини од Грција.

-Пријателска подадена рака од Владата на Грција ме дочека на враќање од Брисел по Самитот на НАТО. Министерот за здравство, Венко Филипче од делегацијата на грчката влада ја прими донацијата од 20.000 вакцини Астра Зенека. Од мое име и од име на сите граѓани на Северна Македонија, изразувам голема благодарност за овој чин на солидарност до грчката влада и до народот на Грција, напиша Заев.

Слични содржини