СДСМ до Мицкоски: Продолжуваш да дејствуваш на штета на националните интереси

од Nikola Popovski
215 прегледи

Додека Северна Македонија за првпат учествуваше на Самит на НАТО како рамноправна и полноправна земја членка, додека преку сите канали се прават дипломатски напори за деблокада на евроинтегративниот процес, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да дејствува на штета на националните интереси. Исплашени од нов успех на државата, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ шират лажни вести, кочат и блокираат се што е во интерес на иднината на државата и граѓаните, вака реагираат од владеачката СДСМ, по изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешните протести пред МНР.

Според нив, фрустрирани од напредокот, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ шират невистини за наводно загрозување на идентитетот со што отворено работат против најважните национални и државни интереси.

Мицкоски денес изјави дека протестираат, веќе, петти ден, се со цел, да се дознае за што преговара двоецот Заев-Бучковски. Мицкоски, како што соопштува партијата, вели дека во јавноста има една општа конфузија за тоа што преговара овој двоец.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ веќе подолг период протестира и блокира улици и булевари а за утре е најавена и собраниската комисија за надворешна политика на која е поканет да присуствува и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Османи најави дека ќе направи напори да се појави пред пратениците и да образложи за што се преговара со официјална Софија, а дел од информациите кои излегоа во јавноста беа во насока на тоа дека постои шанса најголемата опозициска партија да ги прекине протестите кои ги организира низ повеќе градови, вклучително и Скопје ширум земјата.

Слични содржини