„Најк“ изработи патики со македонско знаме за Европското (ФОТО)

од Nikola Popovski
473 прегледи

Енис Барди доби специјален подарок од „Најки“ во пресрет на дуелот на Македонија против Украина во второто коло на Европското првенство.

Тој на својот инстаграм-профил се пофали со подарокот. Компанијата „Најк“ направи специјални патики со неговите иницијали и македонско знаме и со порака: „На и надвор од теренот, ние навиваме за тебе…“

Ова е гест со кој познатата американска компанија за спортска опрема ѝ посакува среќа на нашата ѕвезда во пресрет на новиот предизвик на континенталното натпреварување.

Пред неколку дена нашиот најдобар ракометар, Кирил Лазаров исто ги сподели новите патики за Ф4 завршницата, на нив го имаше македонското знаме.

Слични содржини