268
„РКЕ ги носи одлуките на цената на струјата. Тие зависат од другите чинители во составувањето на продажната цена. Едно можат да потврдам дека поради ЕСМ и МЕПСО нема да има покачување на струјата“, вели премиерот Зоран Заев на денешната конференција.
Според него, огромен е партиципативниот дел на производствена цена на струјата преку далноводите на МЕПСО.
„Убеден сум дека нема да има покачување поради државните компании и тоа што државата на плеќи го презема за граѓаните“, рече премиерот и нагласи дека цената со која ЕСМ ќе настапи на тендерот во моментов е строго доверлива, затоа што настапува на отворен пазар.