По стабилизација на состојбата со вирусот, Македонија на листата на земји безбедни за патување

од Берта Китинска
225 прегледи

ЕУ одлучи да ја стави Македонија на листата со земји во кои е безбедно да се патува. Освен Македонија, безбедни за патување ги прогласија и Албанија, Србија, Саудиска Арабија, Либан, Тајван, Макао, САД и Хонгконг.

Амбасадорите потврдија дека во тие земји има задоволителна епидемиолошка состојба. Тоа значи дека граѓаните на тие земји може да патуваат во земјите-членки на Унијата без никакви ограничувања.

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека одлука на ЕУ за да ги олесни ограничувањата за патување на нашите државјан доаѓа по стабилизација на состојбата со вирусот во државата.

-Европската Унија одлучи да ги олесни ограничувањата за патување на нашите државјани, на што се согласија сите 27 членки на блокот.Оваа одлука на ЕУ доаѓа по стабилизација на состојбата со вирусот во државата. Продолжуваме будно да ја следиме епидемиолошката состојба во земјава. Апелирам до граѓаните дека сѐ уште важат основните мерки за заштита од вирусот Ковид 19. Пандемијата не е завршена кај нас, во земјите во регионот, па и насекаде во светот, сѐ уште има активни случаи и новозаразени, што на еден начин е потенцијална закана за можен удар од вирусот, затоа треба да се придржуваме кон мерките за заштита, информираше Филипче.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.583, бројката на оздравени пациенти е 149.690, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 421.