201
Немаме проблем со отворањето на историските архиви и немаме дилеми дека секое време има своја специфика, одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање во Софија.
Тој потенцира дека важна е историјата, но поважна е сегашноста и иднината.
-Да не дозволиме да има проблем, затоа што во спротивно ќе се јави провев кој ќе ја истурка сегашноста.Мораме да се грижиме за иднината на нашите деца. Допрва следува разговор. Верувам дека одлуките се можни. Интерес на Бугарија е цел регион да влезе во ЕУ, рече Заев.
Н.П.