Украина извојува драматична победа над С. Македонија со 2-1 во средба со 2 промашени пенали – по еден од двата тима.
Головите за избраниците на Андриј Шевченко повторно беа дело на Јармоленко (29’) и Јаремчук (34’) – истите играчи кои погодија во поразот од Холандија.
За нашиот, Алиоски беше прецизен во 57-та минута, кога промаши пенал, но беше прецизен по одбиената топка.
Со победата Украина ги задржа шансите за едно од првите две места во групата, додека „црвено-жолтите“ ќе мора да се надеваат на чудо за да се пласираат во нокаут фазата.
Украинците се израмнија по бодови со Австрија и Холандија, кои подоцна се соочуваат едни со други, додека нашиот тим останува на дното на табелата без бод.
Во последното коло, тимот предводен од Андриј Шевченко ќе се соочи со Австрија, додека момците на Игор Ангеловски ќе се соочат со Холандија.