За Задушница посебен сообраќаен режим кај гробиштата во Бутел, Камник и Ѓорче Петров

од Берта Китинска
286 прегледи

Поради верскиот празник Задушница на 18.06. и 19.06.2021 (петок и сабота) во периодот од 06.00 до 16.00 часот на гробиштата во Бутел, Камник и во Ѓорче Петров, каде се очекува зголемен интензитет на сообраќајот, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во посочените реони.

Притоа, МВР ги информира граѓаните дека сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно) односно сите возила ќе се упатуваат по улица „Александар Урдаревски“, во продолжение по локален пат за с.Мирковци, до влезот за гробиштата на ул.„Боца Иванова“ и излегување на ул.„Александар Урдаревски“.

По потреба сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробишта Ѓорче Петров по ул.„Црногорска“, а на гробиштата „Камник“ по ул.„Јужноморавски бригади“ и ул.„Роман Каскалиевиќ“.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Слични содржини