Делта видот Ковид-19, кој за прв пат беше откриен во Индија, полека станува доминантен вид на коронавирус во светот, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО).
Велика Британија објави зголемување на инфекциите со делта, додека германските здравствени работници предвидуваат дека наскоро ќе стане доминантен вид во Германија, и покрај зголемувањето на бројот на вакцинирани, објави Ројтерс.
„Делта е на добар пат да стане доминантен вид во светот поради високата инфективност“, рече главниот научник на СЗО, Соумја Сваминанатан, пренесе Танјуг.
Официјални лица на СЗО изјавија дека Африка останува континент на загриженост, иако таму се евидентирани околу пет проценти од новите инфекции и околу два проценти од смртните случаи во светот.
Случаите се зголемија двојно во Намибија, Сиера Леоне, Либерија и Руанда минатата недела, изјави еден од раководителите на СЗО за итни случаи, Мајк Рајан, додека пристапот до вакцините е сè уште мал.
„Траекторијата е многу, многу загрижувачка. Суровата реалност е дека во ера на бројни многу заразни видови, оставивме голем број на жители на светот, ранливо население во Африка, незаштитени со вакцини“, рече Рајан.