269
Ревакцинацијата на бизнисмените од регионот кои ја добија првата доза на АстраЗенека во март, ќе се одржи денес во српските градови Белград и Ниш.
Втората доза на вакцината бизнисмените ќе ја добијат во градот каде што биле вакцинирани првиот пат.
Претседателот на Српската стопанска комора, Марко Чадеш, изјави дека 7.500 бизнисмени од Западен Балкан, претежно од БиХ, Северна Македонија и Албанија, поднеле барање за вакцинација.
Вкупно 10.000 вакцини биле обезбедени преку Инвестицискиот форум на Стопанската комора на Западен Балкан во соработка со српската влада.