Димитријевиќ го промени клубот, но останува во Шпанија

од Nikola Popovski
295 прегледи

Шпанскиот кошаркарски клуб Валенсија објави дека македонскиот репрезентавивец и моментално наш најдобар кошаркар Ненад Димитријевиќ потпишал 4-годишен договор со поранешниот член на Евролигата, со што претставува прво нивно засилување во новата сезона.

„Толку среќен што се приклучив на Валенсија. Многу сум возбуден за претстојната сезона и едвај чекам да започне“, објави популарниот Нено на Твитер.

Последната сезона, нашиот кошаркар во дресот на Хувентуд од Бадалона просечно постигнуваше по 10,6 поени, 3,6 асистенции и 1,5 скока со индекс 13,4 во шпанското првенство и 12,9 поени, 3,6 асистенции и 1,6 скока во Еврокупот.

Со Валенсија, повторно ќе настапува во второто најсилно кошаркарно натпреварување во Европа.

Слични содржини