Полицијата санкционира 203 возачи во Скопје, 24 од нив возеле под дејство на алкохол

од Nikola Popovski
200 прегледи

Полицијата информира дека во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изречени се вкупно 203 мерки.

„За возење повеќе од дозволената брзина 58 санкции, шест прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, осум санкции за возачи почетници, 18 санкции за управување без возачка дозвола. Исто така, изречени се 24 санкции за возење под дејство на алкохол, 11 санкции за користење мобилен телефон, три санкции за некористење сигурносен појас, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за недавање на првенство на минување на пешаци, 46 санкции за непрописно паркирање“, велат од МВР.

Од таму додаваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.