Сезоната на лубеници пристигна, па да повториме зошто оваа вкусна „кралица на летото“ треба да се најде на вашето мени.
Го чисти организмот
Богата е со електролити и вода, има многу малку калории (30 калории на 100 g) затоа е одлична за диета. Совршено го чисти организмот и исфрла токсини. Богата е со фитонутриенти и антиоксиданти кои го зачувуваат здравјето.
Витамин А
Таа е одличен извор на витамин А (100 гр свежа лубеница има 569 мг или 19 проценти од дневните потреби на овој витамин). Витаминот А е важен за одржување на здрава кожа, мукоза на белите дробови и усната шуплина.
Богата со антиоксиданти
Лубеницата е богата и со антиоксиданти како ликопен, бета-каротен, лутеин, зеаксантин и криптоксантин, кои се поефикасни во спречување на рак на дојка, простата, дебело црево, бели дробови и панкреас.
Извор на калиум
Тој е одличен извор на калиум, неопходен за рамнотежа на електролитите, неопходни за нормален ритам на срцето и притисок. Калиумот е важен за спречување на срцеви и мозочни удари.
Ништо без витамин Ц
Содржи големи количини на витамин Б6 (пиридоксин), тиамин (витамин Б1), витамин Ц и манган. Витаминот Ц го зајакнува имунитетот, а манганот како микроелемент е одговорен за здравјето на кожата и коските.