Пандев: Среќен сум што се опростувам на едно големо натпреварување, бидејќи мојот сон се оствари

од Берта Китинска
332 прегледи

Македонскиот капитен Горан Пандев на официјалната прес-конференција пред мечот со Холандија најави дека денеска ќе го одигра последниот натпревар во националниот тим.

„Секој меч за мене во репрезентацијата е емотивен и сигурно дека ова за мене ќе биде посебен натпревар. Среќен сум што се опростувам на едно големо натпреварување, бидејќи мојот сон, не само мој, туку на сите, се оствари“, рече Горан Пандев

Пандев им посака многу среќа на своите соиграчи во иднина и посака да ја одведат Македонија и на Светско првенство, но пред да се случи тоа, побара од нив да уживаат на последниот меч кој денес го играме во Амстердам.

Слични содржини