Денес уште двајца наши фудбалери го играат последниот меч за Македонија

од Берта Китинска
291 прегледи

Капитенот на фудбалска репрезентација Горан Пандев денеска ќе го одигра последниот меч за Македонија.

Но освен Пандев, според најавите ова ќе биде последен меч за уште двајца македонски репрезентативци.

Станува збор за Крсте Велкоски и Иван Тричковски, кои се меѓу највозрасните во оваа селекција, предводена од капитенот.

Фудбалската репрезентација на Македонија денес од 18: 00 часот во Амстердам против Холандија го игра последниот меч од деби настапот на едно ЕП.

Слични содржини