Заев: Македонскиот фудбал е национална гордост

од Берта Китинска
235 прегледи

Македонскиот фудбал е национална гордост. Милиони срца на секој натпревар биеја во ист ритам за македонската фудбалска репрезентација. Благодарност до сите наши навивачи, покажавме што значат гордост и европски манири среде Европа. Еден тим, една држава, едно општество, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук, по натпреварот Македонија – Холандија, што заврши 0:3

-Благодарност и до УЕФА за одличната организација и за професионалниот однос кон нашата репрезентација. Се вложивме сите во спортот, навивавме заедно, се исправивме против омразата. Покажавме заедништво и обединетост.Од сѐ срце упатувам честитки до сите македонски репрезентативци за радоста и гордоста што ни ја приредија. Нека пласманот на ова Европско првенство биде само почеток на многуте интернационални успеси, напиша Заев.