Силен земјотрес ги погоди Грција и Турција

од Stefanija Kuzmanovska
340 прегледи

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ги стресе Додеканеските острови во Грција и пограничната област со Турција, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Според соопштението, епицентарот на земјотресот бил во Егејското Море на длабочина од 2 километри, пренесува „Ројтерс“.

Засега нема извештаи за евентуални жртви или материјална штета.

Се претпоставува дека земјата ќе продолжи да се тресе во текот на денот, но дека ударите ќе бидат со помал интензитет.

Слични содржини