Сестрата на Ким Јонг-ун: САД ќе бидат разочарани

од Stefanija Kuzmanovska
385 прегледи

Сестрата на Ким Јонг-ун изјави дека се чини дека начинот на кој Вашингтон ги толкува сигналите од Пјонгјанг може да донесе големо разочарување за Американците.

Ким Јо -џонг, која е исто така висок функционер на владејачката партија, одговори на американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливен, кој во неделата рече дека неодамнешниот говор на Ким Јонг-ун, во кој тој повика на подготовки за конфронтација, но и за дипломатија , за САД претставува „интересен сигнал“ од Пјонгјанг.

„Се чини дека Соединетите држави можат да ја толкуваат ситуацијата на начин што обезбедува оправдување за себе. Очекувањата, кои тие избраа да ги градат на погрешен пат, ги водат кон поголемо разочарување“, рече таа во изјавата пренесена од државната агенција КЦНА, пренесува „Ројтерс“.

Изјавата на Ким Јо-џонг доаѓа во моментот на посетата на неодамна назначениот специјален претставник на САД за Северна Кореја, Сунг Ким, во Сеул, кој денес треба да се сретне со јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин и министерот за обединување Ли Џи-џонг , кој е одговорен за односите со северниот сосед на земјата.

Во понеделникот, Сунг Ким рече дека е подготвен да се сретне со претставниците на Северна Кореја насекаде и во кое било време, без никакви услови и дека се радува на позитивниот одговор, за кој верува дека ќе следи наскоро.