СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжува да дејствува на штета на државните и националните интереси

од Берта Китинска
297 прегледи

Додека владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев прават дипломатска офанзива за деблокирање на евроинтегративниот процес, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да дејствува на штета на државните и националните интереси, стои во соопштението на СДСМ.

Оттаму додаваат дека владејачката партија заедно со граѓаните гради европска иднина и општество на еднакви шанси за сите.

-Со лажни вести, шпекулации и конструкции ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Христијан Мицкоски се става на спротивната страна од евроинтеграциите на државата.Очигледно е дека Мицкоски стравува од можен успех на државата па затоа по секоја цена се обидува да ги поткопа меѓународните позиции.

Ништо ново од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, секогаш кога државата прави чекор напред тие ги интензивираат лажните вести и деструкциите, класично антидржавно и антинародно дејствување.Тоа граѓаните го препознаваат затоа Мицкоски е шест пати поразуван затоа одново ќе биде поразен.ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски уште долго ќе останат во опозиција, велат од СДСМ.

Слични содржини