Премиерот Зоран Заев на отворањето на првиот Скопски економски форум истакна дека земјата ги негува европските вредности, демонстрира европски манири и гради добрососедски односи кои се неопходни за економски просперитет и подобар стандард за граѓаните.
-Потребен ни е економски просперитетен Балкан кој живее во сегашноста и гради просперитетна иднина.Нашата земја ги исполни сите услови за почеток на преговорите по поглавјата за членство во ЕУ, што е безусловно потврдено од Европската комисија, како и од огромно мнозинство на 26 од вкупно 27 земји членки. Сакам да им се заблагодарам на сите земји членки од ЕУ кои ни ја даваат безрезервната поддршка овој процес да започне уште во текот на актуелното претседателство, со Португалија или претседателството што следува со Словенија, истакна Заев, изразувајќи посебна благодарност и за континуираната поддршка од САД.
Тој упати порака до инвесторите да ги искористат можностите и да го влоижат својот капитал во Северна Македонија.
– Владата креира поволен деловен амбиент и еднаквки услови, како за домашните, така и за странските инвеститори. Постигнавме висок раст за сите инвеститори со вкупно производство од слободните зони што достигна 3,4 милијарди евра во 2020 година. Инвестициите учествуваат со 46 проценти во вкупниот извоз на национално ниво и со близу осум проценти во националното БДП, истакна Заев.