Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, денеска ја отвори 11-тата Републичка пензионерска ревија на песни, музика и игри во организација на Сојузот на здруженија на пензионери на Северна Македонија. Во своето обраќање тој ги поздрави пензионерите истакнувајќи ја нивната важна улога како градители на нашето општество.
„Ситуацијата со пандемијата оваа година дозволи во поопуштена атмосфера да ја организирате и одржите оваа ваша централна традиционална манифестација и дружба, откако претходно беа реализирани 8-те регионални ревии.Знам дека оваа пензионерска ревија на песни, музика и игри, во организација на вашиот Сојузот на здруженија на пензионери, ви значи многу, и токму затоа јас и оваа година прифатив да бидам под покровител и во мое име, и во име на Владата на Република Северна Македонија да ви честитам на успешните подготовки и да ви посакам успех во одржувањето на ревијата.Нека ви протече во ведра и весела атмосфера затоа што вие сите го заслужувате тоа, изјави Заев.