258
Грција ќе го укине задолжителното носење маски надвор и ќе ги ублажи преостанатите ограничувања наметнати поради пандемијата со Ковид-19, објавија грчките власти.
Носењето маски во затворен простор сепак ќе биде задолжително, а од четврток веќе нема да биде случај на отворено, објави Ројтерс.
Подобрената епидемиолошка слика е јасна и поволна, рече членот на комитетот за заразни болести и советник на владата, Вана Папаевангелу и додаде дека изгледите се добри.
Таа рече дека сè додека вирусот циркулира меѓу луѓето и дека нема простор за опуштање.
Папаевангелу изјави дека колку подолго циркулира вирусот, толку се поголеми шансите за нови мутации.