205
Основен кривичен суд Скопје денеска соопшти дека завршните зборови за за предметот поврзан со настаните од 27 април ќе се одржи на 1 јули.
-Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека главната расправа за предметот со КОК бр. 2/20 поврзан со настаните од 27-ми април во Собранието на РСМ, на која е предвидено да бидат дадени завршните зборови, по претходна согласност на странките ќе се одржи на 01.07.2021 година во 10:00 часот, се наведува во соопштението од Судот.